Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во Ливерпул и Њукасл.
Карл-Хајц Румениге, еден од водечките луѓе на “бавараците“ јавно за германските медиуми истакна дека само идиот може да плати толку пари за Волтемаде. Крајната сума е некаде околу 90 милиони евра.
“Му честитам на Штутгарт што најде идиот кој ќе плати толку пари за Волтемаде“ истакна иконата на Баерн.
Сега, во пресрет на празниците и кога се сумираат впечатоците од 2025 година, една од темите во Германија секако дека се и тие зборови на Румениге, посебно ако се знае во каква форма игра високиот Германец во дресот на Њукасл.
Па, така, со потсмев го прашуваат Румениге:
“Па, добро, кој е сега идиот?“










