Екипата на Баскет кам е првиот учесник на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако вечерва стигнаа до убедлива победа против екипата на Спорт тим од 89:47.
Победникот на овој меч во СРЦ „Кале“ беше решен уште по десет минути игра. Оние во кои големиот фаворит направи уште поголема предност (28:9), која до полувремето ја зголеми на недостижни (54:21).
Во второто полувреме, тренерот на екипата од Македонска Каменица, Тони Симиќ се одлучи да им даде поголем број на минути на играчите на кои им треба искуство, како Дојчинова, Божинова, па и Хафналауи.
Димова постигна 25 поени (имаше и четири скока и три асистенции), Максимовска заврши со 13 реализации (пет скока и четири асистенции), додека капитенот Поп-Димитровска додаде 11 поени (три асистенции и два скока).
Преостанатите три натпревари ќе се одиграат утре.










