Македонската ракометна репрезентација после пет дена подготовки за Европското првенство 2026 година, денеска ќе замине за Пореч каде ќе го одигра првиот пријателски натпревар. Противник на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Хрватска, мечот е закажан за 28 овој месец.
Во составот на предводникот на нашиот национален тим има промени, поради повреда Европското првенство ќе го пропушти Валентин Карасманакис, на негово место е повикан искусниот Никола Маркоски.
Македонија во Скопје ќе се врати на 30 декември, Лазаров ќе им даде два слободни дена на ракометарите, со тренинзи ќе продолжат на втори јануари.
На Европското првенство нашите момци ќе играат против Данска, Португалија и Романија, градот домаќин е Хернинг.










