Халанд ги увери навивачите на Манчестер Сити: Сè е во ред!(ФОТО)

49
ФОТО: Manchester City/FB

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, увери дека го исполнил барањето на менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, пред натпреварот во сабота против Нотингем Форест. Како што е познато, тренерот на „граѓаните“ изјави за време на прес-конференцијата дека специјално ќе ги мери своите играчи за Божиќ и нема да вклучи во својот состав за натпреварот кој ја надминал својата тежина за време на празникот.

Затоа Халанд објави фотографија од себе на вагата на социјалните мрежи, на која се гледа дека тежи 94,4 килограми.

Сè е во ред!!“, гласи краткиот коментар на напаѓачот, со кој ги увери навивачите на тимот дека нема да биде казнет од Гвардиола за претстојниот натпревар. Норвешкиот интернационалец е водечки стрелец во Премиер лигата оваа сезона со своите 19 гола на 17 одиграни натпревари.

ПретходноКој е сега идиот?!
СледноСалах од пенал ја “реши“ Ј. Африка!