Ете, и тоа го има во светот на фудбалот кој е полн со посветени професионалци, но малкумина можат да се споредат со речиси манијакалната работна етика на спортскиот директор на Авр, Матие Бодмер.
Поранешниот фудбалер открива секојдневен живот што повеќе звучи како филмско сценарио отколку како реалност. Ден во кој сонот е луксуз, а стадионот е трансформиран во дом. Работата на Бодмер се базира на зачудувачки режим на гледање фудбал. Тој самиот признава дека неговото работно оптоварување е огромно, опфаќајќи ги речиси сите нивоа на играта во Франција и пошироко.
„Гледам околу 50 натпревари неделно: Лига 1, Лига 2, Националното првенство, натпревари на тимови под 19 и 17 години, како и пониските дивизии N2 и N3. На ова ги додавам англиската, италијанската и шпанската дивизија, како и други првенства во зависност од профилите што ги бараме“, вели тој.
Опсегот на Бодмер не е ограничен само на Европа. Неговиот поглед е насочен кон таленти од секој агол на планетата, што често доаѓа на сметка на неговиот одмор.
„Исто така, гледам монтажи од натпревари одиграни во Кореја, Либија или Панама. Практично гледам фудбал од утро до вечер, особено имајќи предвид дека не спијам многу“, вели тој.
Оваа посветеност го поставува прашањето до каде се протегаат границите на професионализмот. За Бодмер, тие се очигледно доста растегливи. За да ја оптимизира секоја минута од својот ден, спортскиот директор презеде и навистина необичен чекор – го претвори стадионот во свој втор дом.
„Дали спијам на стадионот? Апсолутно. Имаме голема соба со поглед на теренот. Плус, стадионот е близу до автопатот. Правам сè што можам за да го оптимизирам моето време колку што е можно повеќе.“
Овој уникатен пристап му овозможува да комбинира работа и одмор, елиминирајќи го времето изгубено во патување и претворајќи ја својата страст во 24-часовна посветеност.










