Комеморативна седница во чест на Васил Рингов

0
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/FB

На 70 години си замина една од најголемите наши фудбалски легенди, почина Васил Рингов. Од Вардар информираат дека во недела во чест на легендата на македонскиот фудбал ќе се одржи комеморативнаа седница.

„Фудбалскиот клуб Вардар во недела во 12.00 часот во Дијамантската сала на хотел Хилтон, ќе одржи комеморативна седница во чест на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов.

ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“. 

ПретходноБарселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен