Пандев, Барди и Седлоски…. капитени, легенди, наследство

83

Македонската фудбалска репрезентација има нов селектор. Пред три дена за наш нов кормилар на А репрезентацијата беше именуван Гоце Седлоски, македонската фудбалска икона, со преку сто настапи во националниот тим со габарит на сериозен фудбалски лик за македонски услови.

Тој сега ќе има задачата да продолжи онаму каде што застана Благоја Милевски. Неговиот претходник со кого по втор пат во историјата стигнуваме до баражот за Мундијалот. Во март селекторот Седлоски ќе го има своето деби на гостувањето кај Данска.

Претходно треба добро да се подготвиме. Имаме капацитет, имаме квалитет. Сме го имале и ќе го имаме. Оваа фотографија на која што се наоѓаат Горан Пандев големиот „Гранде“, капитенот Енис Барди и селекторот Седлоски го кажува токму тоа. Седлоски со децении ја водеше нашата репрезентација со „лентата“ на рамо, за да го наследи токму Пандев. Со него пак бевме на Европско првенство. А Енис Барди… Енис Барди најпрво ја поведе својата генерација на У21 европското во Полска, за да потоа стигне и до сениорското со неа. Искрено веруваме дека може да не одведе и на Мундијал. Со помош на Гранде и Седло….

ПретходноЈамал воодушеви, во Дубаи играше фудбал со мали дечиња (ВИДЕО)
СледноАС: Димитриевски има опции зимава… Клуб Бриж, Борнмут и Џенова чекаат во редот за негов потпис