Рајковиќ со Тофаш со “седум од седум“ на свој терен во шампионатот на Турција!

45
фото: TOFAŞ Spor Kulübü (X)

Нова победа за Тофаш во елитната кошаркарска лига во Турција предводен од нашиот стручњак Емил Рајковиќ. Вечерва тимот на македонскииот стратег славеше против Бахчешехир со 92:82 во еден драматичен меч во кој во последната четвртина избраниците на Рајковиќ одиграа како што треба и на крајот заслужено победија.

Ова е седма победа за Емил Рајковиќ на 13 одиграни меча и интересно, сите седум на свој терен како домаќин. Во тој сегмент Рајковиќ и Тофаш се најдобри во елитната лига на Турција сезонава. Никој нема седум од седум на свој терен во оваа лига освен составот на македонскиот стратег.

ПретходноДоби отказ од Партизан па сега враќа со тужба!
СледноЗа Клоп нема дилеми кој е најдобриот фудбалер кого го тренирал! Тоа е…