Никој како Салах, се израмни и со легендарниот Дидие Дрогба

30
фото: Liverpoolfc (Instagram)

Со голот од пенал за победа на Египет од 1:0 на натпреварот против Јужна Африка денеска на Купот на африканските нации, Мохамед Салах се искачи на делба на четвртото место меѓу африканските играчи со најмногу постигнати голови за националниот тим. Салах дојде до бројката од 65 гола.

Мохамед Салах со денешниот гол се израмни со легендата на Брегот на слонова коска, Дидие Дрогба.

Египетската ѕвезда го постигна својот 65-ти меѓународен гол, но се уште не е најдобар стрелец ниту во историјата на својата земја, затоа што рекордот го држи Хосам Хасан, кој од 1985 до 2006 година постигна 69 гола за северноафриканската земја.

Сепак, откако го имаше своето деби во 2017 година, ниту еден играч не постигнал повеќе голови на Африканскиот куп на нации од Мохамед Салах (9).

ПретходноФК Пелистер традиционално донираше новогодишни пакетчиња
СледноЕдвај спие: Спортски директор на клуб во Лига 1 гледа по 50 натпревари неделно!