Девојката на Халанд за малку ќе го оставела поради бизарна причина

117
ФОТО: X

Ерлинг Халанд одлично се снаоѓа на теренот, но дома имало мали несогласувања, а причината е – бизарна. Имено, норвешкиот репрезентативец е едноставно препремногу опседнат со фудбалот.

„Да, јас сум голем љубител сум на фудбалот и гледам секакви натпревари. Дури и синоќа, за време на вечерата, проверував дали има некој натпревар. На телевизија беше дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем, па го пуштивме. Девојка ми ми рече: ‘Доста ми е од фудбал. Постојано гледаме фудбал’“, откри напаѓачот на Манчестер Сити.

Неговата девојка, норвешката фудбалерка, потоа раскажа како одговорила:
„Јас му реков: ‘Да, во овој луксуз живееме благодарение на фудбалот’. Па, секако, го гледав натпреварот на ТВ, но тој навистина е премногу опседнат со фудбалот.“

Претходно, во интервју во октомври, Халанд раскажа и како се запознале:
„Не јас ја контактирав неа, туку таа мене. Ми испрати порака. Играше за истиот клуб – Брине, и таа беше таа што прва почна да ме следи.“

Халанд пораснал во норвешкиот град Брине и настапувал за локалниот тим, пред во 2017 година, на само 16 години, да се пресели во Молде. Напаѓачот на „граѓаните“ признава дека готви дома и дека тој и Изабел делат страст кон видеоигрите.

„Да, и јас готвам. Можеби звучи малку чудно, но и таа сака да игра. Па затоа заедно играме Minecraft – градиме куќи и слично. Или одиме дома во Брине и нарачуваме кебап. Дали ќе има кебап на мојата свадба? Сакаш најдобра храна на свадбата, па зошто гостите да не јадат кебап? Секако дека ќе има!“, изјави Норвежанецот.

А дека 25-годишниот Халанд навистина го обожава фудбалот, особено кога е на теренот, тоа најдобро го потврдуваат и статистиките. Оваа сезона постигна 19 голови на 17 натпревари во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите на шест натпревари постигна исто толку голови.

ПретходноЈута е лоша, но и незгодна, Детроит виде дека нема лесни победи (ВИДЕО)
СледноРајковиќ: Ние сме како Робин Худ, но мора да го промениме тоа!