Манчестер Ј. оди во „Мисија Невозможна“: Џуд Белингем на „Олд Трафорд“?

69

Шпанскиот весник „ОК Диарио“ објави вест дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 200 милиони евра за Џуд Белингам во текот на летниот преоден рок. Весникот тврди дека англискиот гигант планира да извади изненадувачка понуда во летото 2026 година и е подготвен да плати рекордни 200 милиони евра за 22-годишниот Англичанец.

Се зборува дека Јунајтед е подготвен да му понуди на Белингам 6-годишен договор со плата од 15 милиони годишно по даноците. Засега не се знае ставот на Џуд и на неговите агенти, кои сигурно биле контактирани од луѓе на Манчестер Јунајтед во деновите пред Божиќ. Весникот пишуѕва дека самиот Џуд не брза да го напушти Реал Мадрид, но не ја одбил иницијативата на Манчестер Ј., што значи дека ако двата клуба најдат договор, ништо не е невозможно.

Играчот од средниот ред му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2023 година. Оваа сезона, тој настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и имајќи четири асистенции.

ПретходноПобеда на Парма за уште поголем кошмар на Фиорентина
СледноХамза Абделкарим е желбата на Барселона