Атанасов си оди од Лариса и се враќа во Краковија

69
фото: George Tsarouchas (X)

Според грчкиот новинар Георге Царухас, македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов најверојатно ќе си замине од екипата на АЕ Лариса.

Само пет месеци откако дојде во грчкиот клуб, Атанасов е на излезна врата и по се изгледа ќе се врати во Полска. Царухас пишува дека 26-годишниот играч за врска го изгуби местото во стартната постава на Лариса и, во комбинација со специфичен дисциплински прекршок што го направил пред еден месец на тренинг, дефинитивно ја заврши својата епизода во грчкиот клуб. 

Според информациите од околината на играчот, тој веќе бара враќање во полското првенство и голема е веројатноста да заигра за Краковија, од каде и дојде во Грција.

ПретходноДајч бесен на судиите на мечот со Сити: Па какво судење е ова?
СледноДијамантот се запиша во историјата на Наполи: Елмас во друштво на Марадона, Ди Наполи, Ферара… (ФОТО)