Маџари оди во четвртфиналето на Купот

148

Кошаркарите ма Маџари обезбедија место меѓу осумте најдобри во кошаркарскиот Куп на Македонија. денеска во првиот дуел од осминафиналната фаза, Маџари како домаќин славеше убедливо во дуелот со Гостивар со 82:59.

доминацијата на домашните во првите 20 минути практично го реши прашањето на побендикот на мечот. Маџари направи предност од 7 поени во првата, и дополнителни 15 поени во втората четвртина од мечот, што практично го остави Гостивар без шанси за успех во вториот дел.

Триото Грин (15), Хот (140, Степелтон (13) беше носител на играта на домашните и веројатно главниот фактор за победата. Кај екипата на Гостивар Младеновиќ и Димитриевски постигнаа по 15 поени.

ПретходноХамза Абделкарим е желбата на Барселона
СледноЕмоционално: Две деца на Жота истрчаа на „Енфилд“ пред мечот со Вулвс (ВИДЕО)