Уште еден одличен настап на нашиот ракометен репрезентативен голман Мартин Томовски. Македонецот во последниот меч за оваа 2025 година на голот на неговиот тим Битигхајхм запиша девет одбрани, од која една од седум метри. Со тоа и како помогна неговиот тим да го победи против Балинген со 32:27 и со тоа да ја заврши годината на делба на првото место со составот на Елбфлоренц со по 28 бода од 17 одиграни натпревари во втората Бундес ракометна лига во Германија.
По овој меч Мартин Томовски ги заврши клупските обврски и ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи кои веќе ги стартуваа подготовките за ЕП 2026.










