Пред почетокот на Првиот Грен слем, Австралија Опен, кој ќе почне кон средината на јануари се откажа 10-тиот тенисер на светот, Џеј Дрејпер. Британскиот тенисер има проблем со раката, повреда која не успеа на време да ја санира, па мораше да се повлече.„За жал, јас и мојот тим одлучивме да не одиме во Австралија оваа година. Тоа е навистина тешка одлука бидејќи Австралија Опен е Гренд слем и еден од најголемите турнири во нашиот спорт. Долго време ја имам оваа повреда . На самиот крај сум од процесот, но веднаш да се вратам на тенисот сега со три освоени сета не ми изгледа како паметна одлука за мене и за моето здравје.“, напиша Дрејпер.
За време на Отвореното првенство на САД, Дрејпер го предаде натпреварот од второто коло, а потоа ја заврши сезоната. Тој се обиде да се врати овој месец на егзибициска игра, но не успеа и сега очигледно нема да биде на теренот со месеци.










