По една година пауза, Нигериецот Хоган Укпа (24) повторно ќе игра во ПМФЛ. Како што е познато играчот за врска цели три сезони го носепше дресот на Струга ТЛ, но минатиот јануари си замина од таборот на тогашниот шампион. Сега, барем такви се најавите, ќе биде дел од тимот на Арсими за пролетниот дел. Договор има, останува само да се допрецизираат деталите и Нигериецот да биде промовиран од страна на ракоцводството на прволигашот од Чегране кој ја играа дебитантската сезона во ПМФЛ.
Инаку Укпа во Македонија, поточно во Струга ТЛ дојде летото во 2022 година, претходно играше во Лиепаја, Летонија.















