Грилиш само за една вечер на Божиќ потрошил 23.000 евра по ресторани и клубови

56
фото: Blue Moon (X)

Англискиот фудбалер Џек Грилиш организирал луксузна божиќна забава за своите пријатели во Лондон, која, според британските медиуми, чинела околу 23.000 евра и завршила во раните утрински часови. Грилиш ја започна вечерта во елитниот ресторан „Багател“ во лондонскиот Мејфер, каде што вечераше со пријатели, меѓу кои и неговиот поранешен соиграч од Манчестер Сити, Кајл Вокер.

По вечерата, групата продолжила со вечерно излегување во познатиот лондонски клуб „Платинум Лејс“ на Лестер Сквер, каде што останале до околу четири часот наутро. Извори велат дека Грилиш потрошил големи суми пари на пијалоци, додека целата забава била опишана како „божиќна забава каква што ретко се гледа“. И покрај луксузната околина, Грилиш, според очевидци, оставал впечаток дека е добро воспитан и учтив.

Во текот на денот, Грилиш и Вокер беа видени и во Зимската земја на чудата во Хајд Парк, по што излегоа на заедничка вечера. Важно е да се напомене дека и Грилиш и Вокер имале слободни денови во тој период и не прекршиле никакви клупски правила.

ПретходноКатастрофа: На мечот Партизан – Макаби имало само 13.749 гледачи!
СледноОдлична партија на Томовски за крај на годината!