Катастрофа: На мечот Партизан – Макаби имало само 13.749 гледачи!

117
ФОТО: KK Partizan/FB

Ако до пред некој ден, посебно до минатата сезона вистинска мода беше да одиш во Белград, и да не си Партизановец, и го следиш настапот на некогашниот европски првак од трибините на Арената во Белград, сега не е така. Имено на мечот Партизан – Макаби, посетата била и повеќе од катастрофа. На трибините имало само 13.749 гледачи, ова е официјален податок од сајтот на Евролигата. Сроските медиуми “оперираат“ со посета од 17.000 гледачи, но и таа бројка е катастрофа.

Се знае дека, барем до пред некој месец, секогаш кога играше Партизан дома, Арената беше преполна, бројката на посетители не се спушташе под 22.000 гледачи. Рекордот е 24.000 гледачи против Панатинаикос од пред 15 години.

Но, така е тоа. Кога најдобриот или најтрофејниот тренер во Евролигата и покрај неговата љубов кон Партизан, си замина, кога правиш некои неприфатливи потези со кои ги шокираш фановите на Партизан и се да му удоволиш само на еден човек, а се знае кој е тој, тогаш посетата на следниот меч во Евролигата ќе биде и помалку од 10.000.

Срамота што направија од најголемиот кошаркарски клуб на овие простори.

ПретходноПознати се 1/4 финалните двојки во Купот на Македонија, дербито е МЗТ – Работнички!
СледноГрилиш само за една вечер на Божиќ потрошил 23.000 евра по ресторани и клубови