Хрватскиот кружен напаѓач Џанфранко Прибетиќ е нов играч на ракоментиот клуб Охрид. Нашиот суперлигаш предмалку се пофали со новата аквицизија, која што потпиша верност со тимот до 2028 година.
Хрватот е исклучително силен и кормулентен ракометар, кој што е роден во 2000 година и кој што своите почетоци ги имаше во тимот на Пореч, за да биде потоа дел и од тимот на Нексе.
Во Охрид пристигнува од тимот на Штутгарт, каде што собираше сериозно искуство во една од најсилните лиги на светот.










