Најдобриот македонски кошаркар на денешницата, Ненад Димитријевиќ на својот Инстагрм профил сподели фотографија со Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер и нашиот репрезентативец во изминатиот период имале средба, а според аутфитот, јасно е дека таа доаѓа од потопли краеви.
Димитријевиќ е во друштво со неговиот син Матео, а според она што можеме да видиме е дека средбата е на огромно задоволство и на Ѓоковиќ, кој често пати знае да им даде поддршка на македонските спортисти.










