Фетаи е мета на клубови од Романија и Португалија, а Шкендија за него бара милион евра

202

Нема дилеми дека играчите на актулениот македонски шампион, тимот на Шкендија во моментов и тоа како се на цена. Усчехот на овој тим во Лигата на КОнференции и изборувањето на елиминационата фаза на пролет, прави сите членови на овој тим да имаат сериозно поголема вредност отколку претходно.

Па така, еден од оние кои што дефинитивно треба да ги наплати своите одлични игри како во домашниот шаммпионат, така и во Европа е некогашниот македонски младински репрезентативец, Имран Фетаи.

Стоперот според информациите има официјални понуди од Романија, Португалија и Полска, но Шкендија секако нема така лесно да се откаже од него. Цената за играчот кој има преку дваесет настапи за младинските селекции на Македонија е еден милион евра.

Впрочем, тоа е и реална сума за играч кој што само сезонава има десетина екстра одиграни мечеви во Европа.

 

ПретходноОхрид се пофали со Џанфранко Прибетиќ (ВИДЕО)
СледноБрера за најмалите фудбалерчиња организираше фотографирање со Дедо Мраз