Во претпоследниот дуел од денешната програма во Серија А, екипите на Болоња и Сасуоло ги поделија бодовите во ремито 1:1.
Домаќинот дојде во водство со голот на Фабиан во 46. минута од мечот, за да израмнувањето дојде во 63. минута. Стрелец на голот беше босанскиот интернационалец Тарик Мухаремовиќ.
Двата тима воопшто не стојат лошо на тебалата. Болоња е седма со 26 поени додека пак Сасуоло е десетти со 22.










