Неделковски: Васил Рингов си замина од овој свет без ниту еден непријател

364

Како што му доликува на еден великан од негов калибар, денеска точно во 12:00 часот во Хотелот Хилтон во Скопје се одржа комеморација по повод смртта на легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов.

Да се простата од легендарниот Рингов на оваа комеморација се појавија голем број на негови некогашни соиграчи, од многу генерации, но и оние кои во неговите играчки денови му се восхитуваа од трибините. Дури и оние кои за него чуле само од навивачките приказни на вардаровите навивачи.

„Васил Рингов е еден од ретките фудбалери, звезди, кои што од овој свет си заминува без ниту еден непријател. Ете таков човек е Васил Рингов. Човечноста на Рингов е немерлива, тоа можат да го потврдат сите. Неговото фудбалско проклетство како и на Кирил Дојчиновски, Методија Спасовски, па можеби подоцна и на Дарко Панчев, беше тоа што тој настрада од синдромот, „Вардар и Македонија“. Затоа што многу често репрезентацијата на поранешната Југославија се правеше во Белград, Загреб и Сараево, а не во Скопје. И покрај тоа Васил Рингов стана легенда на тогашниот југословенски фудбал. Слава му“…изјави на отворањето на оваа комеморација, ивршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

ПретходноПрв тест пред ЕП 2026: Македонија последен пат ја победила Хрватска пред 21 година!
СледноФК Вардар го повлекува дресот со број „единаесет“ од употреба во знак на Васил Рингов