Општа тепачка во НБА! “Летаа“ боксови во Њу Орлеанс! (ВИДЕО)

121
screenshot

Ете и тоа го има во НБА, општа тепачка на терен и тоа меѓу кошаркарите на Њу Орлеанс и Феникс.Санси постигнаа нова победа во НБА лигата, откако ги победија Њу Орлеанс Пеликанс (123:114), во натпревар обележан со тепачка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо.
Финикс Санс продолжија со добри игри, а во Њу Орлеанс ја остварија третата победа по ред. Иако Финикс имаше двоцифрена предност на полувремето, Пеликанс се вратија, во еден момент дојдоа на минус два (106:108), но останаа без целиот плен. Сепак, натпреварот беше одбележан со тепачката меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо, и за разлика од бројните туркања во НБА лигата, сега видовме вистинска бокс тепачка. Алварадо, иако беше 30 сантиметри понизок од својот ривал, не беше задоволен во една ситуација, при поставување блок, па го удри центарот на Финикс. Имаше тупаници на двете страни, играчите на двата тима веднаш се вклучија, по што имаше пауза. На крајот, двајцата играчи беа исклучени.

ПретходноОфицијално: ВАР најмногу грешел на штета на Реал Мадрид!
СледноДон Флорентино на лето подготвува “ЗЕМЈОТРЕС“!