Хрватите пред мечот со Македонија: Нема лесни мечеви, противникот долго време е заедно!

239

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Пореч ќе го одигра првиот тест меч пред ЕП 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат Хрватска.

„Не сме во целосен состав, но нема лесни натпревари. Дуелот со Македонија ќе го сфативме сериозно. Ќе биде интересен меч, ракометарите на Македонија се долго време заедно и се познаваат добро. Ние ќе настапиме во шароленик состав, ќе видиме колку можеме да се искомбинираме за овој краток период“, изјави Филип Главаш.

Нашата репрезентација од Хрватска се враќа на 30 декември, а со подготовки ќе продолжи на втори јануари. Во рамките на подготовките ќе одигра уште три меча, ќе биде гостин на “Јелоу Купот“ во Швајцарија каде што покрај со домаќинот ќе ги одмери силите со Бахреин и Украина.
ПретходноСлот: Нашите навивачи покажаа најголема почит
СледноАрсенал со тешка мака го одбрани врвот, во вторник го има најтешкиот тест, што вели Артета?