Барселона издоминира на „Глобал“ фудбалските награди во Дубаи

42

Екипата на Барселона ги собра сите почести на „Глобал“ фудбалските награди кои што се одржуваат во моментов во Дубаи, а се наменети за учасниците во Ла Лига.

За најдобар тренер е прогласен Ханси Флик, за најдобар играч до 23. години Ламин Јамал, додека пак за играч на сезоната во ла Лига е прогласен бразилецот Рафиња. Сосема логично за тим на сезоната е избрана токму Барселона поради освоената титула.

„Признанието што Барса го добива на оваа голема гала-церемонија на „Глоуб Сокер Авордс“ е огромно. Се натпреваруваме со нашиот вечен ривал и играме забавен и прекрасен фудбал. Се сеќавам дека во тешки моменти се справувавме, имаше тежок период во текот на сезоната, но Ламине, Рафиња, Педри, Балде. Ханси ги инспирираа со победнички дух и голема страст за фудбалот“ – рече првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта при примањето на наградата. 

ПретходноНекогашниот репрезентативец на Англија оди во затвор на пет години!?
СледноШифрин најдобра на слаломот во Земеринг