Новак Ѓоковиќ беше награден на доделувањето на наградите „Глоуб сокер“, што се одржа денес во Дубаи. 24-кратниот шампион на Гренд слем турнирите ја освои наградата „Глоуб спортс“ за најдобар спортист. Наградата му ја врачи напаѓачот на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо.
„Неочекувано е. Добивањето награда од друга спортска легенда, Кристијано, е уште еден сон што се остварува. Јас сум голем фудбалски навивач и дојдов тука да прославам неверојатна година што ја слават сите фудбалски ѕвезди тука. Ми се допадна сериозниот израз на лицето на Кристијано кога рече дека ќе постигне 1000 гола (моментално има 956 гола). Тој навистина верува во тоа“, рече Србинот.
Роналдо за време на церемонијата на доделување на наградите изјави: „Новак Ѓоковиќ е пример за мене. За мене, тој е пример за долговечност; имаме слични приказни. Тој ја заслужува оваа награда затоа што е пример за оваа генерација и за следната.“
🚨Novak Djokovic has won the Globe Sports Award 2025 presented by Cristiano Ronaldo.
Well deserved. 👏🏻 pic.twitter.com/hggSIABzqs
— Danny (@DjokovicFan_) December 28, 2025










