Фудбалерите на Интер ја совладаа Аталанта со 0:1 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Со овој триумф екипата на Киву се врати на лидерската позиција во калчото.
Интер поведе во 35-тата минута преку Маркус Турам, но голот беше поништен поради офсајд. Сепак, во 65-тата минута најдобриот стрелец на Интер сезонава, Лаутаро Мартинез го постави конечниот резултат на натпреварот. До крајот Аталанта се обидуваше да стигне до изедначување, но не успеа.










