Рајковиќ доведе американско засилување пред плеј-ин делот во ЛШ

40

Џордан Флојд е нов кошаркар на турски Тофаш. Aмериканскиот плејмејкер ја започна оваа сезона во дресот на израелски Макаби Рамат Ган, но одлучи повторно да се врати во турската лига, каде ќе заигра за тимот предводен од нашиот стратег Емил Рајковиќ.

Џордан Флојд му се приклучи на Тофаш во клучен момент, бидејќи турскиот клуб во моментов се подготвува за плеј-ин турнирот во рамките на ФИБА Лигата на Шампионите. Турската екипа ќе се сретне со француски Шоле. во разигрувањето. Инаку, во својата кариера Флојд има настапувано во Бурсаспор, па турската лига нема да му биде непознаница.

ПретходноЈончевски доби отказ во унгарски Атомерому
СледноМакедонија поразена од Хрватска на првата контрола