Цаке има понуда од Русија вредна милион евра!

223

Секако дека во Шкендија ќе биде супер интересно во овој зимски преоен рок. По феноменалната 2025 година, во која тетовци ја освоија својата петта титула а посебно по блескавите настапи во Европа и пласманот во плеј – офот (1/16 финалето во Лигата на Конференции) речиси и да нема фудбалер кој нема понуда од клубови од Европа или во најмала рака од соседството.

Сепак најблиску до заминување е заменик – капитенот Клисман Цаке. Како што велат нашите информации, репрезентативецот на Албанија и еден од најдобрите играчи во ПМФЛ има мега – понуда од клубови од Русија и тоа вредна милион евра за три години или по 350.000 евра по сезона. Секако дека за наши услови тоа се големи пари па најверојатно Цаке ќе ја прифати. Шкендија нема да му прави никакви проблеми. Со оглед на тоа дека Цаке во јуни е слободен играч тој негов трансфер во Русија на Шкендија ќе и донесе 200.000-250.000 евра што и не е мала пара, а тетовци би го пуштиле и без пари што се вели ако се знае колку стоперот беше исклучително фер и коректен кон Шкендија минатото лето кога имаше понуди, но сепак одлучи да остане уште една година и да игра во Европа, односно да му помогне на нашиот шампион.

Повеќе од сигурно е дека си заминува и Фабрис Тамба, напаѓачот од Сенегал. Пред две недели во клубот пристигна официјална понуда вредна 800.000 евра. Шкендија уште пред да се изјасни тој трансфер пропаднал, барем така велат нашите информации, но затоа има други понуди со приближна сума на пари на одличниот напаѓач. И Шкендија и Тамба би го прифатиле.

Од она што “СпортСпорт“ го дознава, без разлика на понудите, сега засега само Цаке и Тамба имаат “зелено светло“ да си одат, сите други, без разлика на понудите, остануваат.

Е, сега ако искочи некоја мега – понуда, тоа е некоја друга приказна. Најинтересно е со младиот стопер Имран Фетаи за кого Шкендија бара милион евра. Исто така има понуди и за голманот Бабукар Гаје, потоа и за Роналдо Вебстер, како и за речиси сите играчи на Шкендија, како што веќе нагласивме.

Од друга страна Шкендија и тоа како има намера осетно да се засили. Фахд Ндзенгуе, напаѓачот од Габон и досегашен член на Брера веќе има договор со Шкендија, се чека само на промоција. Покрај него Шкендија има намера да се засили со 2-3 екстра имиња а во најголема тајност се подготвува вистинска “бомба“ на нашиот трансфер пазар. Неговото доаѓање во Шкендија ќе биде вистински шок за конкурентите во битката за титулата и ќе предизвика еуфорија кај фановите.

Секако дека сега е лесно да се ангажираат квалитетини имиња, со заработка од Европа, барем засега, со 6 милиони евра.

Јасно е дека Шкендија на најдобар можен начин покажува дека фудбалот може да биде голем бизнис.

ПретходноЈокиќ испиша историја во НБА, ама Денвер поразен од Орландо! (ВИДЕО)
СледноПеп со необична изјава:„Ми доаѓа да го бакнам!“ (ВИДЕО)