Шифрин најдобра на слаломот во Земеринг

1

Микаела Ширфин е победбик на денешниот слалом во женска конкуренција кој што се возеше во Земеринг, Австрија, во рамките од овогодинешниот Светски куп.

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, уште еднаш сезонава издомонира во оваа дисциплина, и обезбеди триумф со време од 1:48:82.

На втората позиција со само девет стотинки заостанување се пласираше Камил Раст од Швајцарија која што сезонава е во извонредна форма. Трета пак, со 57 стоти делови од секундата на пиедесталот се искачи Лара Колтури од Албанија.

Во генералниот пласман Шифрин сега води со вкупни 598 поени пред Алис Робинсон од Австралија со 484 додека трета е токму Камил Раст со 423.

 

ПретходноБарселона издоминира на „Глобал“ фудбалските награди во Дубаи