Болоња и Сасуоло ги поделија бодовите

22

Во претпоследниот дуел од денешната програма во Серија А, екипите на Болоња и Сасуоло ги поделија бодовите во ремито 1:1.

Домаќинот дојде во водство со голот на Фабиан во 46. минута од мечот, за да израмнувањето дојде во 63. минута. Стрелец на голот беше босанскиот интернационалец Тарик Мухаремовиќ.

Двата тима воопшто не стојат лошо на тебалата. Болоња е седма со 26 поени додека пак Сасуоло е десетти со 22.

 

ПретходноАрчи Греј му донесе триумф на Тотенхем кај Кристал Палас
Следно„Глоуб спортист“: Роналдо му ја додели наградата на Ѓоковиќ (ВИДЕО)