Македонија поразена од Хрватска на првата контрола

45

Македонската ракометна репрезентација на првиот пријателски меч во рамките на подготовките за Европското првенство 2026 година запиша пораз, откако во Пореч беше совладана од Хрватска со 26-23 (14-11). „Коцкестите“ на оваа средба настапија без голем број стандардни репрезентативец.

Нашите момци на овој дуел нереализираа пет удари од седум метри, имаа и доста промашени зицери. Ова е нешто што ќе мора да се поправи до вистинските битки, како и техничките грешки.

Митревски запиша 13 одбрани, Галевски две од седум метри. Кузмановски имаше седум гола, еден во второто полувреме, Ненад Костески запиша четири гола. На другата страна Славиќ имаше 16 одбрани.

Македонија го отвори мечот со голот на Џонов за 0-1, водеше и со 1-2, стрелец беше Митев. Хрватска не само што израмни, туку и поведе со 4-2 после промашениот седмерец за нашата репрезентација. Кузмановски и Ристевски (дебитански гол) израмнија на 4-4, а капитенот не успеа од седум метри да го врати водството. Противникот поведе со нови плус два (6-4), но Македонија повторно израмни.

После 7-7 (15 минута), нападот не го имаше посакуваниот тек, Хрватска со три гола во низа дојде на 10-7 на стартот на 20-та минута. Пешевски го прекина налетот на домаќинот, но за кратко, бидејќи Хрватска дојде на плус 4 (12-8), Митревски со шестата одбрани спречи негативата да биде поголема. Кузмановски (седум метри) и Јагуриноски доближија на 12-10. На одморот резултатот е 14-11.

На стартот на второто полувреме Хрватска поведе со 16-11, од овој момент Македонија направи серија од 2-5 за 18-16, Павле Атанасијевиќ не искористи шанса да доближи на минус еден, Славиќ беше одличен на голот, но тоа му успеа во 48 минута (20-19). За жал се повреди, откако Главаш му застана во линија на движење и за тоа доби црвен картон. Хрватска одеше по тенка линија, Македонија беше на два гола негатива.

Домаќинот во 56 минута остана без Шимиќ, кој заработи црвен картон, но не го искористивме моментот, противникот реализираше за 24-21. Со три гола во низа, Македонија дојде на гол негатива (24-23). Љевар реализираше вежн погодок, Кузмановски не успеа да ја продолжи неизвесноста, а веќе во следниот напад Славиќ му одбрани удар на Џонов за крај на сите надежи.

Во составот на Македонија за оваа средба беа Дамјан Митев и Марко Стојковиќ. Ракометарите во Скопје се враќаат на 30 декември, после два дена одмор на втори јануари ќе продолжат со подготовките за ЕП каде пак ќе играат против Данска, Португалија и Романија.

ПретходноРајковиќ доведе американско засилување пред плеј-ин делот во ЛШ
СледноЛиверпул „крена раце“ од Семењо, Сити има отворен пат до потпис