ФК Вардар го повлекува дресот со број „единаесет“ од употреба во знак на Васил Рингов

201

Во моментов во Хотелот Хилтон се одржува комеморација по повод смртта на македононската фудбалска легенда Васил Рингов. ФК Вардар во негово име реши да го повлече од употреба дресот со број „11“ со кој што Рингов настапуваше долго време во неговиот омилен клуб ФК Вардар.

„Васил Рингов е икона на македонскиот и екс југословенскиот фудбал. Анегдотите врзани со неговото име ќе се прераскажуваат и долго откако неговата генерација ќе си замине. Едно големо благодарам за се што направи за сите нас, со тие негови фудбалски вештини со што сите нас не направи подобри фудбалери“ – рече некогашниот соиграч на Васил Рингов во ФК Вардар и поранешен селектор на Македонија, Ѓоре Јовановски.

 

 

 

 

ПретходноНеделковски: Васил Рингов си замина од овој свет без ниту еден непријател
СледноИницијатива на ФК Вардар: Јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов