Јончевски доби отказ во унгарски Атомерому

38

Поранешниот селектор на нашата кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, доби отказ на клупата на унгарски Атомерому.

Како што објавија од клубот, раководството на Атомерому ја оцени првата половина од регуларната сезона како неуспешна, откако тимот остана на седмото место со седум победи и шест порази. Луѓето од клубот велат дека ниту прикажаната игра ниту перформансите на играчите не ги исполнуваат целите поставени пред сезоната.

Користејќи ја опцијата за раскинување во договорот, Атомерому го раскина договорот со Јончевски.

ПретходноНа 38 години Кавани и официјално заминува во фудбалска пензија
СледноРајковиќ доведе американско засилување пред плеј-ин делот во ЛШ