Суперкупот на Италија од следната сезона ќе функционира поинаку

52

Италијанскиот Суперкуп следната година ќе се решава во еден натпревар и нема да има турнир во Ријад.  Ова и официјално го соопшти првиот човек на италијанската Серија А, Ецио Марија Симонели.

„Веќе не ни требаат две полуфиналиња. Следната година Азискиот куп ќе се одржи во Ријад, а Саудијците веќе нè предупредија дека го откажуваат. Значи, ние сме слободни да го избереме датумот и местото на одржување“,рече Симонели.

Во 2025 година, Наполи, Милан, Интер и Болоња беа дел од Суперкупот, а трофејот го подигна нашиот Елиф Елмас со своите соиграчи.

 

ПретходноПетар Мијалков со пријателите израдува стотици деца: Дедо Мраз на две тркала стигна во Штип
СледноМинас Османи не е повеќе тренер на Шкупи