Супер интерес за Деспотовски од Полска, Русија и Унгарија

177

Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Стефан Деспотовски многу лесно зимава може да ја промени клупската средина. Стандардниот дефанзивец на ОФК Београд е во одлична форма, добива шанса и во националниот тим, а сето тоа прави тој да биде на цена на фудбалскиот пазар.

Па така, како што објавува „Mozzartsport“ од Србија, за Деспотовски на адресата на ОФК Београд се пристигнати понуди од Полска, а Спортспорт дознава дека на истите може да се додадат и оние на Русија односно Унгарија. Деспотовски оваа полусезона ја одигра и повеќе од добро, за што сведочи и невата цена која што според „Transfermarct“ во моментов е еден милион евра.

ОФК Београд како клуб во моментов е во офанзива што се однесува до трансферите затоа што е најавена преселба на Никола Кнежевиќ во Вечиста од Краков. Секако, веќе најавената преселба на холандскиот интернационалец Џеј Енем на „Рајко Митиќ“ кој што зимава е најавен како првото големо засилување за Црвена Звезда.

https://www.mozzartsport.com/fudbal/vesti/poljaci-obaraju-klupski-rekord-zbog-nikole-knezevica-njegovim-putem-mogao-bi-stefan-despotovski/531990

 

ПретходноСедлоски и официјално ги доби помошниците во А репрезентацијата
СледноЃорческа: Сон на секој тенисер е настап на Грен слем турнир