Лапорта на суд поради измама од 100.000 евра!?

27

Од време на време за големите клубови како Реал Мадрид, Јувентус, Челзи ќе излезе афера во јавноста која што секако ќе предизвика внимание и која ќе се третира сериозно.

Овојпат ваков момент пристигнува до Каталонија, поточно од Барселона, каде што надлежниот суд ги повика претседателот на ФК Барселона, Жоан Лапорта, потпретседателот Рафаел Жусте и поранешните директори на клубот, Ксавиер Сала и Мартин и Жоан Оливер, да сведочат на 16 јануари. Тие се обвинети за наводна измама вредна околу 100.000 евра, објави „Ел Периодико“.

Ова не е прв пат Лапорта да се појавува на суд, поради најразлични фунансиски моменти поврзани со ФК Барселона. Станува збор за активностите на компаниите „Кор Стор“, со седиште во Барселона, и „ЦССБ Лимитед“, регистрирана во Хонг Конг, чиј правен застапник била Џоан Оливер. Се тврди дека неколку инвеститори им обезбедиле пари на овие компании во замена за високи годишни добивки, но на крајот тие не ја добиле ветената камата, ниту ги добиле парите назад.

Поточно, станува збор за случај од 2016 година, кога на семејство кое добило на лотарија му било наложено да инвестира во CSSB Limited, мнозинскиот сопственик на Core Store, во кој Лапорта бил администратор помеѓу 2011 и 2019 година. На семејството му било ветено дека ќе има принос од 6% на годишна основа, што не се случило. Шефот на Барселона целосно ја негираше својата вмешаност во какви било кривични или законски казниви дејствија, наведувајќи исто така дека не потпишал никакви документи поврзани со случајот, а неговото име било вклучено во жалбата само за да му се даде посериозно значење на прашањето и да се привлече медиумски интерес.

ПретходноФановите гневни: Мбапе за тренер во својот клуб донесе некогашен играч на Арсенал и Сити!
СледноМаурицио Сари опериран поради проблеми со срцето, се огласи и Лацио! (ФОТО)