2025 година ја заокружуваме со навистина среќни вести. Рекордни 11.225.392 денари освои Б.А. од Скопје на 27 декември 2025 година, благодарение на празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ.
Скопјанецот Б.А. ќе влезе во 2026 година со голема радост и уште поголема возбуда. Тој е најновиот среќен добитник кој ја почувствува празничната магија во последниот викенд од 2025 година, освојувајќи ја досега највисоката џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ.
„Цел викенд не спиев од возбуда”, ни раскажа среќниот добитник. „Имам освоено и неколку помали добивки, но ова беше вистинско изненадување. Со другарите се радувавме цел викенд. 2026 година ќе ми биде многу убава.”
Б.А. ги сподели и своите планови за освоените 11.225.392 денари:
„Прво ќе си купам нов автомобил, а потоа ќе ги исполнам и другите новогодишни желби. Сега е вистинско време за радување.”
Рекордната РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка е освоена на ВЛТ локацијата Спортлајф Трејд во Скопје, на 27.12.2025 година. Ова е третата освоена РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивка, но и прва со ваков рекорден износ.
Видеолотарија Касинос Австрија, следејќи го интересот и задоволството на своите верни играчи, од 01.12.2025 година ја активираше новата дополнителна џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ, со износ од 8 до 12 милиони денари.
Првиот РОЈАЛ ЏЕКПОТ беше освоен во Струмица на 08.12.2025 година, а вториот во Охрид, вреден фантастични 10.641.052 денари. Покрај РОЈАЛ џекпот, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот.
Побарајте ја најблиската ВЛТ локација, уживајте во празничната магија и забавувајте се одговорно.










