Рома без проблеми оствари победа над Џенова

21
фото: Lega Serie A (X)

Без поголеми проблеми, фудбалерите на Рома го добија вечерашниот натпревар од 17. коло во Серија А против екипата на Џенова со 3:1. Одлуката за победникот беше донесена уште во првите 45 минути, кога домашните набрзина постигнаа три гола и ги оставија противниците без одговор.

Суле со голот во 14. минута ја донесе Рома до водство од 1:0, а само пет минути подоцна Коне веќе зголеми на 2:0.

Со голот на Фергусон во 31. минута домашните веќе имаа 3:0, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Џенова успеа да дојде до почесен погодок преку Ехатор во 87. минута.

Со денешната победа Рома се враќа на 4. место на табелата, со бод повеќе од екипата на Јувентус.

ПретходноЦ. Звезда добила покана да игра во НБА Европа?
СледноАраухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса