Словенецот Домен Превц со фантастична победа во Оберсдорф! (ФОТО)

49
ФОТО: FIS Ski Jumping/FB

Супер Домен Превц. Словенците во еуфорија. Домен Превц е победник во Оберсдорф на стартот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Тој собра вкупно 316.7 поени со скокови 141.5 и 140 метри. Едноставно беше најдобар, доминираше на скокалницата во Оберсдорф.

Причина за големо славје Словенците имаат и поради второто место на Тими Зајц, кој ова место го подели со Даниел Чефениг од Австрија. И двајцата имаа по 299.2 поени. Од овие поени се гледа колку бил доминантен победникот Домен Превц.

Со ова започна 74-то издание на Новогодинешната турнеја “Четири скокалници“. Следува Гармиш – Партенкирхен на 1 јануари.

Интересно, ова е прва победа за некој скокач од Словенија во Оберсдорф. И ако успее Доме да победи вкупно на оваа турнеја, тој ќе го повтори успехот на својот брат Петер Превц во 2016 година. Досега не се случило двајца браќа да бидат севкупни победници на “Четирите скокалници“.

 

ПретходноМаурицио Сари опериран поради проблеми со срцето, се огласи и Лацио! (ФОТО)
СледноНовак си кажа кога ќе оди во играчка пензија!