НБА Европа, натпреварување кое треба да биде конкурент на Евролигата, започнува во 2027 година и многу детали за него се уште не се познати во моментов, особено кои клубови ќе учествуваат. На новогодишната коктел забава на Црвена Звезда од Белград, претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ беше прашан и за учеството во Евролигата, или потенцијалното играње во НБА Европа, а одговорот дополнително ги заинтригира многумина.
„Се боревме напорно за лиценцата, разговаравме неколку пати со луѓе од Евролигата. Можеме да планираме долгорочно како ќе функционира клубот. Се гледаме во Евролигата, да бидеме рамноправни членови на Евролигата, да бидеме нејзини косопственици. Добивме повеќе повици од НБА, но засега Евролигата е нашата тема број еден, ќе видиме како ќе оди во иднина“, изјавил Дрчелиќ.










