До среда Семењо ќе биде фудбалер на Манчестер Сити

50
фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X)

Манчестер Сити би можел да го комплетира трансферит на Антоан Семењо во следните два дена.

По разговорите околу структурата на клаузулата за откуп на играчот, Борнмут очекува трансферот на 25-годишниот крилен напаѓач да биде формализиран во следните 48 часа, објави новинарот Бен Џејкобс.

Самиот фудбалер веќе се договорил за условите на неговиот личен договор со „граѓаните“.

Борнмут се надева дека Семењо ќе настапи утре против Челзи, во она што се очекува да биде неговиот последен натпревар за неговиот сегашен тим.

ПретходноПреговорите се започнати: Влаховиќ е замената за Левандовски во Барселона?!
СледноПоради реакција на далтонистите: Во Серија А во иднина нема да се игра со портокалови топки