Лазаров: Промашивме пет пенали, имавме многу проблеми!

137

Македонската ракометна репрезентација е поразена на првата контрола во рамките на подготовките за Европското првенство 2026 година, откако Хрватска славеше со 26-23.

Момците на Кирил Лазаров имаа добри и лоши моменти. Македонија имаше шанса да се бори за егал, но се случија технички грешки и промашени пенали. што пак не е дозволиво особено на големите натпреварувања.

„Промашивме пет пенали, три на почетокот, така што не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови силни страни. Ни недостигаше, на пример, Лазаревски, но добро… Продолжуваме тука до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, а потоа на Европско првенстцо. Нема да биде лесно, нашите очекувања се секогаш високи, ако победевме и денеска ќе беа уште поголеми, но ќе се бориме“, изјави Лазаров во Прочер за „Спортске Новости“. 

Македонија на ЕП 2026 е во група со Данска, Португалија и Романија.

ПретходноВан Дајк: Пресреќен сум за голот на Вирц
СледноДончиќ во елемент, Кавај Ленард со животна партија (ВИДЕО)