Менаџерот на Роналдо: Јамал е играч на сегашноста и иднината

23

Познатиот фудбалски агент Хорхе Мендес, кој го застапува Кристијано Роналдо, го изрази своето восхитување кон Ламине Јамал.

„Ламине Јамал е играч на сегашноста и иднината. Има и други, но мислам дека Ламине може да ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот неколку пати“, рече Мендес.

Менаџерот брзо го насочи вниманието кон својата татковина:

„Покрај Јамал, има и многу други квалитетни играчи – Витиња, Жоао Невес, Рубен Дијас… Набројувам само играчи од португалската репрезентација, бидејќи за мене ова е најсилниот тим во историјата на португалскиот фудбал.“

Запрашан за очекувањата за тимот за претстојното Светско првенство, агентот не го криеше својот оптимизам.

„Ова е единствена можност. Ги имаме најдобрите на секоја позиција. Рубен Дијас е најдобриот централен дефанзивец во моментов, Кансело е најдобриот бек во светот, а Витиња и Жоао Невес го формираат најдобриот среден ред. Имаме сè, а покрај тоа го имаме и Кристијано Роналдо – најголемиот во историјата. Сигурен сум дека ми недостасува некој“, заклучи Мендес.

ПретходноГвардиола: Тројца или четворица во одбрана, бекови и крила – сето тоа се глупости
СледноПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: РЕКОРДНИ 11.225.392 ДЕНАРИ ВО СКОПЈЕ – РОЈАЛ ЏЕКПОТОТ ДОНЕСЕ СРЕЌА ЗА Б.А.