Поради реакција на далтонистите: Во Серија А во иднина нема да се игра со портокалови топки

50
фото;: Italian Football TV (X)

Италијанската Серија А се откажа од играње со портокалови топки во текот на зимските месеци откако гледачите со далтонизам се пожалија дека не можат да ја видат топката.

За да им се помогне на телевизиските гледачи да ги следат натпреварите по дожд, снег и лапавица, Серија А воведе портокалова топка со која се игра во текот на зимските месеци. Сепак, ова предизвика негодување кај гледачите, а таканаречената топка „Пума Орбита Хи-Вис“ сега е ставена на страна.

„Добивме многу оправдани поплаки. Има многу луѓе кои не можат да ја видат топката поради далтонизам. Затоа побаравме нови топки од нашиот добавувач“, вели претседателот на Серија А, Енцио Мариа Симонели.

Сепак, далтонистите мора да се стрпат за да можат повторно да ги следат италијанските натпревари. Претседателот на лигашката асоцијација вели дека замената на топките може да потрае некое време.

„Користиме 25 топки за секој натпревар. Тоа се 500 топки неделно, плус оние што им ги даваме на тимовите за тренинг. Новите топки се пуштени во производство, но ќе треба малку време пред да можеме да ја замениме портокаловата боја. Тоа беше несреќен избор и се враќаме на користење жолти или бели топки“, рече претседателот на Серија А.

ПретходноДо среда Семењо ќе биде фудбалер на Манчестер Сити
СледноЦ. Звезда добила покана да игра во НБА Европа?