Брера на пат за Анталија, се стартува со тест дуел против Шкендија

319

Екипата на Брера иако во моментов како и сите останати прволигаши кај нас е на одмор сепак, не мирува. Се подготвува за она што следува, а тоа се базичните подготовки и секако склопување на екипата која ќе треба да биде конкурентна напролет.

Од она што во моментов е познато, е дека на пролет Брера дефинитивно ќе има нови напаѓачи, крилен и централен, како и играч за врска. Секако треба да се „пополнат“ и измразнетите места во тимот од оние кои зимава со заминаа од Струмица.

Од друга страна пак, подготовките во Анталија се и повеќе од извесни. Стартот е на деветти јануари, а за Турција би се заминало некаде околу 18 јануари. Првиот тест меч е против шампионот Шкендија на 15 јануари, а закажан е и мечот против Детонит на 7 февруари.

 

ПретходноУправен одбор на ФФМ: Постапка против Сејдини и ревизија на тренерските лиценци
СледноОдлични вести од Денвер: Никола Јокиќ не е тешко повреден