Лука Трпевски е вистински бисер: Црвена Звезда го прогласи за најдобар млад фудбалер за 2025 година!

158

Македонскиот „Швеѓанец“ Лука Трпевски е прогласен за најдобар фудбалер во брелградска Црвена Звезда во категоријата на фудбалери родени 2010 година. 15-годишниот Лука кој настапува за младинските репрезентации на Шведска, потекнува од нашата земја и има професионален договор со Црвена Звезда од оваа година.

Станува збор за едне од најголемите таленти кои се појавиле на овие простори. Тој во овој период настапува за младинските селекции на Шведска, но има голема надеж да се појави во сениорскиот тим на Македонија во догледно време.

Трпески настапува на позицијата офанзивен играч за врска и оваа сезона е еден од убедливо најдобрите во сите млади категории на белградските „црвено-бели“.

ПретходноБројките не лажат: Педро Нето е најдобриот фудбалер на Челзи оваа сезона
СледноЈакимовски го понесе Тренто до нова победа во Еврокупот