Мбапе откри што посакува во новата 2026 година!

29
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Мега – ѕвездата на светскиот фудбал, Килијан Мбапе, кој го носи Реал Мадрид на грб од почетокот на сезоната, јасно си кажа што посакува во новата година. Напаѓачот си поставил за цел трофеи, а со своите 30 гола на 27 натпревари од почетокот на кампањата, најмногу помогна да се постигне тоа.
„Задоволство е да се игра за Реал Мадрид и секогаш да се ужива во сегашноста и да се носи радост на сите. За 2026 година, си посакувам среќа, здравје и трофеи. Бидејќи ако победиме, луѓето ќе бидат среќни“, рече Мбапе.
Денес, „белите“ го одржаа традиционалниот тренинг за овој период од годината во базата, отворен за навивачите. Тимот на Чаби Алонсо ги продолжи тренинзите вчера по 8-дневен одмор. Реал се враќа на теренот во недела (4 јануари) дома против Бетис.

ПретходноСловенецот Тадеј Погачар е избран за најдобар спортист во светот за 2025!
СледноЛотар Матеус:“Вирц треба да продолжи да се бори!“