Неверојатно: Дури тројца голмани се сменија на голот на Уганда против Нигерија!

53
ФОТО: Uganda Cranes/FB

Уганда – Нигерија 1:3 е исходот од мечот од групата Ц на АФКОН. Веќе објавивме дека вардарецот Роџерс Мато беше стрелецот на почесниот гол за Уганда, убав гол на напаѓачот кој игра во ПМФЛ. Со овој пораз Уганда заврши на последното место во групата и не успеа да се пласира во следната фаза на АФКОН.

Инаку на овој меч се случи нешто што многу ретко се случува во светот на фудбалот, а на големите натпреварување можеби и за првпат.

Имено дури тројца голмани се сменија на голот на Уганда. Мечот го започна Онуанго кој беше заменет на полувремето поради повреда. Место него на гоплот застана Магола кој во 56.минута направи голема глупост, без потреба играше со рака надвор од својот казнет простор па доби заслужено директен црвен картон. Па затоа селекторот на Уганда мораше во игра да го внесува третиот голман, Алионзи кој во игра влезе место Алхасан, па така последните триесетина минути Мато и другарите играа со играч помалку.

ПретходноГол на вардарецот на АФКОН: Мато ја затресе мрежата на Нигерија! (ВИДЕО)
СледноСловенецот Тадеј Погачар е избран за најдобар спортист во светот за 2025!